Достапни линкови

logo-print

За два дена Грција депортираше над 200 мигранти во Турција


Грција испрати повеќе од 200 мигранти во Турција и тоа се првите бранови на депортација според планот на Европската унија, со цел да ја олесни масовната миграција во Европа. Од вчерашниот ден вкупно 202 луѓе од 11 нации се депортирани: 191 маж и 11 жени денеска се пратени во Турција од грчките острови Хиос и Лезбос. 130 Пакистанци, 42 Авганистанци, 10 Иранци, 5 Конгоанци и останатите се од други земји, за кои грчките власти рекоа дека самите побарале да бидат вратени назад. 43 баратели на азил од Сирија вчера биле пренесени од Турција во Германија и во Финска, согласно договорот.

Според договорот меѓу ЕУ и Турција, Анкара ќе ги земе назад сите бегалци и мигранти, вклучително и Сиријци кои нелегално влегле во Грција во замена за примање на илјадници бегалци од ЕУ директно од Турција и наградувајќи ја земјата со повеќе пари, безвизно патување и напредок во преговорите за членство во Унијата. Договорот е одуден од страна на групи за човекови права, а пости и загриженост поради недостаток на подготовка.

XS
SM
MD
LG