Достапни линкови

„Панама документите“ и даночните затајувања


„Панама документите“ и даночните затајувања
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

„Панама документите“ и даночните затајувања

Владите во светот почнаа да ги истражуваат можните финансиски злоупотреби на богатите и моќните, откако протекоа документи од една панамска адвокатска фирма. Во нив се обелоденува како клиентите ги избегнуваат даноците и како потоа успеваат да ги исперат парите низ легални трансакции.

Документите со детални шеми, како што изјавија новинарите кои ги добија, вклучуваат низа личности, од пријателите на рускиот претседател Владимир Путин до роднините на премиерите на Велика Британија, Исланд и Пакистан, како и до претседателот на Украина.

Иако „Панамските документи“ содржат детали за сложените финансиски аранжмани во полза на светската елита, не мора да значи дека шемите биле незаконски.

Кремљ оцени дека документите не содржат „ништо конкретно и ново“, додека портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека врските на неговиот починат татко со оф-шор компанија биле „приватна работа“.

Ако сте богат и моќен вие не ги плаќате даноците бидејќи вашите пари се во странство. Тоа во основа не е фер. Тоа ја поткопува нашата демократија, но, исто така, значи дека ние немаме пари потребни за јавните услуги.
Роберт Палмер, експерт

Премиерот на Исланд, Сигмундур Гунлаугсон, чија сопруга со поврзува со тајна оф-шор компанија, се соочи со барање од опозицијата во земјата да поднесе оставка на функцијата.

Пакистан негира какви било злоупотреби од страна на семејството на премиерот Наваз Шариф, односно дека неговите ќерка и син биле поврзани со оф-шор компании.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на Фејсбук се бранеше дека неговите финансиски активности биле во согласност со украинските и меѓународните закони.

Австралија, Австрија, Бразил, Франција и Шведска се меѓу земјите кои се изјасниле дека почнале истрага за наводите, базирани врз основа на повеќе од 11,5 милиони документи од адвокатската компанија Мосак Фонсека, која се наоѓа во даночниот рај Панама.

Експертот за корупциски прашања Роберт Палмер од Глобал витнес вели дека протекувањето открива „нефер аранжмани за богатите и моќните“.

„Треба да ги истражиме индивидуалните случаи кога луѓето ги држат своите пари во странство. Знаете, некои од нив ќе бидат технички законски. Сигурен сум дека некои нема да бидат. Ако сте богат и моќен, вие не ги плаќате даноците бидејќи вашите пари се во странство. Тоа во основа не е фер. Тоа ја поткопува нашата демократија, но исто така, значи дека ние немаме пари потребни за јавните услуги “, вели тој.

Адвокатската канцеларија Мосак Фонсека отфрла дека работела незаконски. Меѓутоа, финансиските експерти се уверени дека во сите тие зделки имало елементи за кривично гонење.

Панама е дел од Централна Америка и е еден од најпознатите тајни оф-шор финансиски центри во светот.

Во оваа група се вклучени и земји како Кајманските Острови, Бермуди и Британски Девствени Острови.

Тие одбиваат да ги применуваат глобалните правила за транспарентност за кои меѓународните организации вршат притисок во борбата против даночното затајување и перењето пари.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG