Достапни линкови

Ирачки трупи влегле во градот Хит


Ирачките трупи, поддржани од жестоки воздушни напади, влегле во градот Хит, град на западот на Ирак кој бил под контрола на милитантите на ИД. Илјадници жители, за да ги избегнат борбите, го напуштиле градот. Сепак, според податоците, се уште во градот имало над 20 илјади луѓе. Ирачките сили ја почнаа операцијата за освојување на Хит пред една недела. Лоциран во западната провинција Анбар, Хит е стратегиски важен град на рутата по која се снабдуваат милитантите на ИД во Сирија.

XS
SM
MD
LG