Достапни линкови

На инаугурацијата на Хашим Тачи претставници од 50 држави


На инаугурацијата на Хашим Тачи за претседател на Косово, поканети се претседатели и лидери на педесет држави од целиот свет. Меѓу нив е и српскиот претседател Томислав Николиќ. Инаугурацијата е закажана за осми април на плоштадот „Скендербег“ во Приштина. Ден претходно Хашим Тачи ќе даде заклетва пред пратениците во косовскиот Парламент. Тој на 26 февруари беше избран за претседател на Косово. Мандатот на Атифете Јахјага завршува на шести април.

XS
SM
MD
LG