Достапни линкови

logo-print

Собранието ќе гласа за новите министри


Собранието на Македонија ќе ја одржи 100-та седница на чиј дневен ред е Предлогот за избор на членови на Владата на Македонија и именување заменици министри. Вчера Собранието ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ. Претседателството на ДУИ во четвртокот реши сите нивни министри и заменици да поднесат неотповиклива оставка, а за сите понатамошни чекори околу учеството на партијата во Владата да решава партискиот лидер Али Ахмети. Тој во неделата предложи нови кандидати за министри.

XS
SM
MD
LG