Достапни линкови

Нови жртви во борбите за Нагорно Карабах


Азербејџан соопшти дека нови три нивни воени лица се убиени во борбите во спорниот регион Нагорно Карабах, кои трет ден продолжуваат меѓу силите на Азербејџан и на Ерменија. Азербејџанското министерство за одбрна денеска соопшти дека сепаратистичките сили во Карабах бомбардирале азербејџански позиции и села, користејќи минофрлачи. Во последните три дена загинале 15 азербејџански војници, додека на ерменската страна се загинати 18 војници.

XS
SM
MD
LG