Достапни линкови

logo-print

Могерини и Јахјага: Треба да се продолжи со дијалогот


Високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини и косовската претседателка Атифете Јахјага денеска разговараа во Брисел за актуелната политичка ситуација во Косово, согласувајќи се дека е потребна примена на веќе постигнатите договори кога станува збор за значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Јахјага оваа недела го завршува петгодишниот мандат како косовска претседателка, а таа и Могерини ги сумираа резултатите од соработката, истакнувајќи го посебно стапувањето во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација на 1 април. Неа на таа позиција ќе ја наследи актуелниот заменик премиер и косовски министер за надворешни работи, Хашим Тачи. Тие разговараа и за потребата од посилна соработка меѓу ЕУ и регионот, за да се излезе на крај со заедничките предизвици, како што се економскиот развој и безбедносната ситуација, вклучувајќи ја и борбата против радикализацијата, се наведува во соопштението на Службата за надворешни работи на ЕУ.

XS
SM
MD
LG