Достапни линкови

Ердоган: Помина времето за мировни преговори со ПКК


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека помина времето за мировни преговори со нелегалната Курдската работничка партија (ПКК) и вети задушување на повеќе од три деценискиот бунт. „Борците треба да се предадат или да бидат неутрализирани“, посочи Ердоган. Во јули минатата година беше ставен крај на двегодишното примирје меѓу ПКК и турската држава. Според податоци на турската Влада оттогаш убиени се околу 400 војници и полицајци и неколку илјади борци. Опозициските партии тврдат дека меѓу 500 и 1.000 цивили загинале во судирите меѓу турските сили за безбедност и ПКК во југоисточна Турција.

XS
SM
MD
LG