Достапни линкови

logo-print

„Ер Франс“ им дозволи на жените вработени да одбијат да летаат за Иран


Авиокомпанијата „Ер Франс“ одлучи да им дозволи на жените од својот екипаж да одбијат да работат во новите летови за Иран, за кои мораат да носта шамии. Францускиот авиопревозник денеска соопшти дека ќе именува „специјална единица“ за да ги замени оние кои не сакаат да летаат за Иран. Официјалниот претставник на компанијата Жил Гату изјави дека секоја жена која треба да лета од Париз до Техеран и која од лични причини ќе одбие да носи шамија по напуштањето на авионот, ќе биде прераспоредена за друга дестинација. Авиокоманијат се очекува од 17 април да започне со три летови неделно меѓу Париз и Техеран.

XS
SM
MD
LG