Достапни линкови

Куќен притвор за првоосомничениот во „Тврдина“


Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги отфрли како недозволени жалбите на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) и на осомничениот Г.Г. изјавени преку неговите бранители против решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција од 01.04.2016 година при овој суд, се вели во соопштението на Судот.

Во образложението на решението на Апелациониот суд Скопје се вели дека решението на Кривичниот совет на првостепениот суд КИОК-КС бр.39/16 од 01.04.2016 година не е донесено во прв степен за да по истото биде дозволена жалба до повисокиот суд, оттука првостепениот суд погрешно ги ценел и применил одредбите од членот 169 од ЗКП. Со ова решението на Основен суд Скопје 1 - Скопје станува правосилно со што ќе биде издадена наредба осомничениот Г.Г. да биде префрлан во куќен притвор.

XS
SM
MD
LG