Достапни линкови

Десетици загинати во самоубиствени напади во Ирак


Повеќе од десетина луѓе се убиени во одделни напади на милитантите во Ирак. Во денешните напади загинаа најмалку 17 луѓе, а повеќе од 60 се повредени. Во најсмртоносниот напад, бомбаш самоубиец се разнесе на улица во пристанишниот град Басра, убивајќи пет луѓе и повредувајќи 10. Групата на Исламската држава ја пезеде одговорноста за нападот. Во друг напад насочен кон конвој на Популарните мобилизирани сили (ПМФ), коалицијата на шиитските милитанти уби пет луѓе во градот Машахден, северно од Багдад. Во друг бомбашки напад беше погоден заеднички полициски пункт на полицијата и армијата во северен Багдад, при што беа убидени уште пет луѓе. Четвртиот бомбаш погоди припадници на милицијата во ресторан во јужниот дел на градот Насирија, при што беа убиени најмалку три лица. Милитантите на ИД, кои во последно време трпат загуби, често извршуваат самоубиствени бомбашки напади кои таргетираат цивили и службите за безбедност во Ирак.

XS
SM
MD
LG