Достапни линкови

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС - 95 ќе биде 61 денар за литар, а Еуросупер БС - 98 по цена од 63 денари. Според одлуката на Регулаторната комисија, цената на дизелот ќе биде 44 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 32,50 денари. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,609 денари за килограм, така што сега тој ќе се продава по цена од 16,228 денари за килограм.

XS
SM
MD
LG