Достапни линкови

Неколку илјади потенцијални терористи во БиХ


Безбедносните служби во БиХ регистрирале неколку илјади лица потенцијални извршители на терористички напади поврзани со радикални исламистички движења, изјави директорот на полициската Управа на Република Српска, Гојко Васиќ.

„Бројот на овие луѓе, кои се припадници на вехабистичкото движење и зад кои најчесто се појавуваат лица кои можат да извршат терористички напад, според податоците на Разузнавачко безбедносната агенција на БиХ (ОСА), изнесува неколку илјади, истакна Васиќ.

Тој нагласи дека повеќето од тие лица, кои претставуваат потенцијална безбедносна закана, престојуваат на територијата на БиХ. Васиќ смета дека борбата против тероризмот во БиХ ја отежнуваат постоечките заонски ограничувања, вклучувајќи ја слабата размена на податоци за потенцијално опасните луѓе.

Според него проблемот е посебно изразен за лица кои живеат во странство, а со потекло од БиХ и кои можат да бидат поврзани со терористите. Тој не ја исклучува можноста за постоење локации во земјата каде би се спроведувала терористичка обука.

XS
SM
MD
LG