Достапни линкови

logo-print

Грција депортираше 131 мигрант во Турција


Грција започна со првиот бран на депортација на мигранти во Турција во согласност со планот на Европската Унија, чија цел е олеснување на масовната миграција во Европа. Два патнички бродови со турски знамиња со 131 мигрант, денеска го напуштија островот Лезбос, информира граничната агенција на ЕУ, Фронтекс која ги придружуваше бродовите до Турција. Мигранттите кои повеќето беа од Пакистан и Бангладеж беа транспортирани до Дикили, во западна Турција. Во меѓувреме првите Сиријци од Истанбул пристигнаа во Германија според контроверзниот договор. 16 баратели на азил полетаа во северниот град Хановер и треба да бидат пренесени во најблиското бегалско заслониште.

XS
SM
MD
LG