Достапни линкови

logo-print

Собранието за оставките на министрите од ДУИ


Собранието на Македонија денеска на пленарна седница треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ и, како што се очекува, да ги избере новите министри што синоќа ги предложи партијата. Врз основа на едногласната одлука на Централното претседателство на ДУИ, како и своите статутарни надлежности, претседателот на партијата Али Ахмети одлучи да предложи нови кандидати за министри, соопшти ДУИ. Фестим Халили е предложен на местото заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери за министер за правда, Пиштар Лутфиу за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Согласно собранискиот Деловник, Парламентот на пленарна седница само ги констатира оставките. Можно е новите министри на ДУИ да бидат избрани во рамки на денешната 98. седница на Собранието, со дополнување на дневниот ред.

XS
SM
MD
LG