Достапни линкови

Соработници на Путин во скандал со перење пари


Блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин биле вмешани во синџир за перење пари преку офшор договори и заеми вредни околу две милијарди долари, пренесуваат новинските агенции. Во извештајот објавен под името „Панамски документи“ се прецизира дека со таа операција раководела Банката Росија која е под санкции на САД и ЕУ поради руската анексија на Крим. „Панамски документи“ се дел од базата на панамската компанија Мосак Фонсека, четврта најголема офшор правна фирма во светот. Спорните документи наводно покажуваат како на разни начини богатите и моќни луѓе можеле да користат тајни офшор даночни системи. Трагата почнува во Панама и води до Русија преку Швајцарија и Кипар.

XS
SM
MD
LG