Достапни линкови

Почнува примената на договорот за мигрантите


Грција денеска започнува да ги враќа мигрантите и бегалците во Турција според условите од контроверзниот договор меѓу Анкара и Европската унија постигнат во минатиот месец. Околу 750 баратели на азил чија апликација била одбиена се очекува деновиве да бидат испратени од островот Лезбос во турското пристаниште Дикили. За таа цел Фронтекс ангажира две турски брода. Обединетите нации оценија дека договорот меѓу Турција и ЕУ не бил законски. Над милион мигранти и бегалци влегоа во Европа во минатата година. Од почетокот на оваа досега во Грција дојдоа повеќе од 150 илјади мигранти. Австрискиот претседател Хајнц Фишер изрази загриженост за проблемите со човековите права во Турција и изрази сомнежи дека договорот ќе го запре бранот бегалци.

XS
SM
MD
LG