Достапни линкови

ДИК: Теренските проверки се во завршна фаза


Теренските проверки на Избирачкиот список во сите подрачни одделенија се во завршна фаза, соопшти синоќа Државната изборна комисија. ДИК информира дека теренските проверки се спроведуваат во согласност со определената динамика. Над 550 анкетари во сите 80 општини на територијата на Македонија, почнувајќи од 28 март непрекинато работат во периодот од 8:30 до 19:00 часот. ДИК во моментов е фокусирана врз обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат на време внесени и соодветно обработени. ДИК истакнува дека информациите кои се појавија во определени медиуми, а кои се однесуваат на наводно намерно кочење на процесот на теренски проверки, се невистинити. Сите членови на ДИК и нејзината Стручна служба се целосно посветени теренските проверки навремено да бидат завршени, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG