Достапни линкови

logo-print

ДУИ ги објави новите министри


ДУИ вечерва го објави списокот на предлозите за нови министри и заменици министри од нивните редови. Во соопштението од партијата е наведено дека лидерот на партијата Али Ахмети одлучил да ги предложи кандидатите во согласност со едногласната одлука на Централното претседателство и неговите статутарни надлежности.

За вицепремиер за европски прашања е предложен Арбер Адеми. На местото на Муса Џафери, вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковен договор доаѓа Фестим Халили . На позицијата министер за правда Ахмети го предложи Валдет Џафери. Абудулаќим Адеми на позицијата министер за образование го заменува со Пиштар Лутфиу. Дритон Кучи е предложен за министер за економија додека Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање. Шухрете Елези ќе седне на позицијата министер за Локална Самоуправа. На листата се предложени и пет заменици министри.

XS
SM
MD
LG