Достапни линкови

Трамп со критика за НАТО


Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја повтори критиката за НАТО тврдејќи дека блокот од 28 земји членки е „застарен“. Трамп кој е фаворит во трката за номинација за републикански претседателски кандидат во Висконсин изјави дека дел од членки на НАТО „ не го исплаќаат фер својот удел во алијансата“. Трамп смета дека тие „или ќе го платат својот дел, или треба да излезат од алијансата“. Тој посочи дека Саудиска Арабија „ не плаќа доволно“ за заштитата и воената поддршка што ја добива од САД. Иако критиката на Трамп предизвика загриженост во САД и целиот свет, сепак тој во Висконсин изјави дека за неговиот став има поддршка од многу про-НАТО експерти, без при тоа да посочи за кого мисли.

XS
SM
MD
LG