Достапни линкови

Азербејџан прогласи прекин на огнот во Нагорно Карабах


Азербејџанското министерство за одбрана повика на едностран прекин на огнот во спорниот регион Нагорно Карабах, откако и денеска продолжија борбите. Во соопштението е наведено дека одлуката за повик на прекин на огнот е донесена по апелите на меѓународниот фактор, но се заканија дека азербејџанската војска ќе возврати на секој напад кој ќе дојде од страна на ерменските сили или на ерменски сепартисти во спорниот регион.

Претходно се водеа спорадични борби меѓу азербејџанските и ерменските воени сили во Нагорно Карабах, при што за два дена загинаа најмалку 30 војници од двете страни.

Баку ги обвини ерменските воени сили за прекршување на мировниот договор кој е донесен пред 21 година. Азербејџанското министертво за одбрана соопшти дека кон нивните воени сили бил отворен артилериски оган кој доаѓал од внатрешноста на Нагорно Карабах и од ерменска територија.

„САД најрешително ги осудуваат сериозните прекршувања на режимот на договорот за прекин на огнот по линијата на разделување во Нагорно-Карабах, што, според информациите, доведе до жртви, вклучувајќи и меѓу цивилното население.

Ова тврдење доаѓа по само еден ден од започнувањето на тешките борби во кои до сега загинаа 12 азербејџански и 18 ерменски војници во Нагорно Карабах.

Од друга страна пак ерменската војска тврди дека азербејџанските воени сили први отвориле оган и поставиле тешка артилерија низ целата линија што ги двои двата региона.

Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази поддршка за Азербејџан „ до крај“.

Тој при посетата на САД истакнал дека Турција се моли за својот сојузник да победи во овие судири со најмал можен број. Турскиот претседател смета дека сегашното заострување на конфликтот во Нагорно-Карабах се должи на несоодветните напори на Минск групата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

САД ги осудуваат вооружените дејствија во Нагорно Карабах и повикуваат да се избегнува понатамошната ескалација, се наведува во соопштението од државниот секретар на САД Џон Кери.

„САД најрешително ги осудуваат сериозните прекршувања на режимот на договорот за прекин на огнот по линијата на разделување во Нагорно-Карабах, што, според информациите, доведе до жртви, вклучувајќи и меѓу цивилното население . Ги повикуваме страните на воздржаност и да избегнуваат понатамошна ескалација и строго да се придржуваат кон договорот за прекин на огнот,“ се вели во соопштението

Покрај САД,и Русија и ОБСЕ повикаа на прекин на борбите. Минск групата планира во Виена да оддржи средба в понеделник во врска со случувањата во Нагорно Карабах.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG