Достапни линкови

Иванов: Мигрантската криза можност за соработка со Грција


Мигрантската криза е можност за институциите на две соседни држави да ја надминат недовербата и да почнат да соработуваат. Ова го изјавил македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во интервју за грчкиот весник „То вима“. Тој изјавил дека затворањето на балканскиот коридор не е на штета на Грција, туку напротив во нејзина корист. Иванов вели дека Грција дозволи импровизирани кампови на самата гранична линија со Република Македонија и со тоа ги охрабри мигрантите да користат илегални премини, со што директно ја загрози македонската безбедност.

„И покрај затворениот коридор, секоја вечер регистрираме над 100 обиди за илегален влез во Република Македонија. По се изгледа дека одредени политичари во Грција не ја сфаќаат сериозноста на безбедносните ризици што со себе ги носи оваа криза. Веќе постојат индиции дека дел од уапсените и осомничените за терористичките напади ја користеле токму Балканската рута“, вели Иванов.

Во однос на „Мерките за доверба“ Иванов тврди дека се македонска иницијатива и дека грчката влада прави се за да ја поткопа таквата соработка.

„Тука се вбројуваат и многуте неуспешни обиди за средба со сегашниот и поранешниот грчки претседател. Надвор од секаква логика е претседателите на две соседни земји, без оглед дали сегашни или поранешни, да не се сретнат ниту еднаш. За чудо, до денес нема позитивен одговор од Атина за моја средба со грчкиот претседател, иако не инсистираме ниту на форма, место, време или тема на средбата, вели македонскиот претседател.

XS
SM
MD
LG