Достапни линкови

Грција се подготвува за спроведување на договорот за мигрантите


Грција се подготвува да започне со испраќање на мигрантите и бегалците назад во Турција, во согласност со контроверзниот договор постигнат минатиот месец меѓу Анкара и Европската унија. Грчките медиуми јавуваат дека се очекува во вторник Грција да го испрати првиот брод со 750 мигранти кои немаат право на азил, од Лезбос кон турското пристаниште Дикили. Агенцијата за погранична контрола на ЕУ, Фронтекс изнајмила два турски брода за трансфер, за што ОН тврдат дека е незаконски потег. Турција брза да се подготви за прием на бегалците во бегалските кампови.

Над милиони бегалци и мигранти влегоа во Европа во текот на минатата година, а од почетокот на годинава до сега во Грција пристигнале над 150 илјади.

XS
SM
MD
LG