Достапни линкови

logo-print

Ердоган со поддршка за Азерјбеџан по судирите во Нагорно Карабах


Турскиот претседател Реџеп Tаип Ердоган вети поддршка за својот сојузник Азербејџан „до крај“ во нивниот судар со Ерменија околу спорниот регион Нагорно-Карабах, по судирите во кои загинаа најмалку 30 војници од обете страни. Тој при посетата на САД истакнал дека Турција се моли за својот сојузник да победи во овие судири со најмал можен број. Турскиот претседател смета дека сегашното заострување на конфликтот во Нагорно-Карабах се должи на несоодветните напори на Минск групата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Ердоган изјави дека западните земји ги пуштаат на слобода оние кои Анкара ги прогласува за терористи и за кои им дава информации, посочувајќи дека напаѓачот од Брисел бил терорист, и за тоа ја информирале белгиската влада,но таа не презела никакви активности.

XS
SM
MD
LG