Достапни линкови

Бриселскиот аеродром делумно ќе почне со работа


Аеродромот во Брисел денеска ќе биде делумно отворен за патничкик летови. Пред две недели аеродромот беше цел на напади од страна на бомбаши самоубици од Исламска држава. Извршниот директор на аеродромот Арно Фист изјави дека од понеделник ќе стартуваат неколку симболични летови до Португалија, Грција и Италија. Главниот бриселски аеродром беше затворен по двојното бомбардирање и одвоениот напад на метротото во Брисел, при што загинаа 32 лица.

Додека трае обвновата на аеродромот во следните неколку месеци, бриселскиот аеродром ќе работи со намален капацитет, односно дневно ќе се справува со 800 до илјада патници што претставува 20 проценти од неговиот капацитет.

XS
SM
MD
LG