Достапни линкови

Временска прогноза- сончево и помалку облачно


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и источните делови. Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степена. Во наредните денови времето ќе биде стабилно и многу топло за овој период од годината. Само утре ќе има благ пад на температурата.


XS
SM
MD
LG