Достапни линкови

logo-print

ЕУ ја повика Турција да ги продолжи мировните преговори со Курдите


Европската унија ја повика Турција да го продолжи мировниот процес со Курдите по нападот во југоисточниот турски град Дијарбакир, во кој загинаа најмалку седум полицајци. Турција мора повторно да се ангажира во курдскиот мировен процес, кој донесе толку многу позитивни и ветувачки резултати во блиското минато, се вели во соопштението на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. „ЕУ е подготвена да го поддржи мировниот процес“, се наведува во соопштението.

Експлозијата, во која се повредени 27 лица, вклучувајќи 14 цивили, се случи во четвртокот во близина на автобуска станица во Дијарбакир, кога полициски автобус минуваше во близина. Тројца од повредените полицајци се во тешка здравствена состојба, јави Си-Ен-Ен-Турк.

XS
SM
MD
LG