Достапни линкови

logo-print

СЈО ќе ја обжали одлуката за куќен притвор за Грујевски


Специјалното јавно обвинителство најави дека денеска ќе поднесе жалба до Апелација поради одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд за преиначување на притворот на Горан Грујевски во куќен притвор, потврдуваат за Радио Слободна Европа од ова обвинителство. Кривичниот совет постапуваше по жалба на одбраната на осомничениот.

Тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева бара началникот на петтата управа во МВР Грујевски да остане во притворското одделение во Шутка затоа што според доказите со кои располагаат постојат околности за загрозување на постапката ако тој биде сместен во куќен притвор, велат од СЈО.

Вчера Кривичниот совет во состав од тројца судии одлучи дека одлуката на судијата на претходна постапка треба да биде преиначена мерка- куќен притвор .

Според соопштението од Основен суд Скопје 1, останатите осомничени како поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и двајца началници од УБК во текот на следната недела треба да се појават на распит кај судија на претходна постаока, кој понатаму ќе треба да одлучува за кои мерки за претпазловост ќе бидат преземени.

Ова беше прв притвор кој што го одредени Судот за осомничен во предметите кои произлеуваат од Специјалното обвинителство а се поврзани со прислушуваните разговори. Во предметот наречен „ Тврдина“ се осомничени Јанкуловска, вкупно тројца началници од УБК и една архиварка.

Јанкуловска во овој случај е третоосомничена, додека во предметот Титаник, таа е на врвот на пирамидата за злосторничко здружување поврзно со изборен криминал. На претходниот распит за неа и нејзиниот колега, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, судот не одреди мерки притвор.

XS
SM
MD
LG