Достапни линкови

logo-print

Мигранти побегнале од грчки камп


Над 800 мигранти побегнале вчера од центарот за бегалци на грчкиот остров Хиос, јавуваат грчките медиуми. Најголем дел одлуѓето што побегнале доаѓаат од Сирија. Дел од медиумите јавуваат дека мигрантите направиле дупка на оградата од центарот, преку која успеале да побегнат и се упатиле кон најголемото населено место на Хиос, при што биле следени од грчката полиција.

Според договорот меѓу ЕУ и Турција за решавање на мигрантската криза, бегалските кампови на грчките острови Лезбос, Лерос, Самос и Хиос се прогласени за објекти од „затворен тип“.

Грчките власти денеска соопштија декаќе го зголемат полициското присуство на островите во Егејското Mоре и во Идомени, поради судирите кои се почесто се случуваат меѓу мигрантите, а постојат и стравувања дека тензиите ќе се зголемат откако од следната недела ќе почне нивно враќање во Турција.

XS
SM
MD
LG