Достапни линкови

logo-print

Жестоки судири во Нагорно Карабах


Нагорно Карабах се наоѓа во Азербејџан, но е под контрола на етнички Ерменци. Ерменското министерство за одбрана соопшти дека има жртви од двете страна и дека борбите продолжуваат.

Тешки борби се водат во спорниот регион Нагорно Карабах во Азербејџан. Ерменската војска ја обвини азербејџанската дека презела офанзива .

Азербејџанската армија, пак, соопшти дека војниците биле поставени на фронт како одговор на „интензивен оган“ кој бил отворен во текот на ноќта и дека војската морала да преземе „итни мерки“ како одговор.

Нагорно Карабах се наоѓа во Азербејџан, но е под контрола на етнички Ерменци.

Ерменскиот премиер Овик Абрахамјан свика итен состанок „ поради напади од непријателот“ соопшти ерменската влада. „Ерменија е подготвена да ги преземе сите чекори за стабилзирање на ситуацијата“ изјави премиерот.

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика и двете страни да ги прекинат борбите.

Ерменското министерство за одбрана соопшти дека има жртви од двете страна и дека борбите продолжуваат. Според Министерството за одбрана на Ерменија станува збор за најголема ескалација од почетокот на примирјето постигнато во 1994 година. Тој побара од САД, Русија и Франција, итно да интервенираат.

Надлежните во Нагорно Карабах велат дека се водат жестоки судири долж линијата меѓу двата региона.

Ерменските сили тврдат дека собориле азербејџански хеликоптер, но таа информација се уште не е потврдена од независен извор.

Конфликтот избувна уште во период на распаѓање на Советскиот сојуз, при што загинаа над 30 илјади луѓе.

Овие борби доаѓаат во период кога Вашингтон се обидува да го разреши долгогодишниот конфликт.

Американскиот потпретседсател Џо Бајден при вчерашните средби со претседателите на Ерменија и Азербејџан во Вашингтон упати апел за примирје.

„Бајден изрази загриженост за постојаното насилство, повика на дијалог и ја истакна важноста за сеопфатно решение за долгорочна стабилност, безбедност и просперитет на регионот,“ соопшти Белата Куќа.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG