Достапни линкови

Стандард и Пурс: Кредитниот рејтинг на Македонија е ББ


Рејтинг агенцијата “Стандард и Пурс“смета дека кредитниот рејтинг на Македонија ББи покрај политичката криза е со стабилен изглед.

„Стандард и пурс“ предвидува дека во иднина ќе зајакнуваат и ќе се градат нови врски на соработка помеѓу странските инвестиции во ТИРЗ и домашните компании, што ќе биде основа за одржлив раст на економијата. Како што наведува агенцијата, економската експанзија ќе продолжи и во иднина поддржана преку растот на извозот од странските компании во ТИРЗ и капиталните инвестиции на Владата.

Во однос на буџетскиот дефицит, „Стандард и Пурс“ забележува дека во 2015 година тој е помал од планираното. Агенцијата смета дека кризата со бегалците се уште не претставува ризик за јавните финансии.

Политичката ситуација останува неизвесна до изборите кои се планирани за јуни 2016, забележува „Стандард и Пурс“.

XS
SM
MD
LG