Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза- сончев викенд


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 24 до 29 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, суво и многу топло за овој период од годината. Пад на температурата се очекува само во недела.

XS
SM
MD
LG