Достапни линкови

logo-print

Пад на руската економија од 3,7 отсто


Руската економија во 2015 година доживеала пад од 3,7 отсто во однос на претходната година, соопшти денеска рускиот завод за статистика. Најтешко погодени се секторите трговија на големо и мало со пад од 10 отсто и градежништвото со пад од 7,4 отсто. Земјоделскиот сектор пораснал за 3,1 отсто.

Руската економија е во криза од средината на 2014 година, кога западот воведе санкции против Москва поради анексијата на Крим и од Украина и нејзината улога во конфликтот во источна Украина. Голем удар беше и намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, што е главен руски извозен производ.

XS
SM
MD
LG