Достапни линкови

logo-print

Дачиќ - Србија не планира да влезе во НАТО


Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Москва

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Москва

Србија не планира да се приклучи кон НАТО и тоа го одразува ставот на мнозинството српски граѓани, изјави денеска во Москва српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Нашата соработка и односите со НАТО остануваат на партнерско ниво во име на мирот и се одржуваат врз основа на одделни планови за оние земји кои не сакаат да станат членки на Алијансата. Мнозинството српски граѓани се против членство на нашата земја во НАТО“, истакна Дачиќ.
Тој рече дека Србија има интерес да стане членка на ЕУ.

XS
SM
MD
LG