Достапни линкови

МОСТ предлага забрзување на прочистувањето на Избирачкиот список


Претседателот на МОСТ Дарко Алексов

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов

Граѓанската асоцијација МОСТ предлага измени на четири закони со цел, како што велат, да се скратат роковите и да се овозможи брзо прочистување на Избирачкиот список за да се овозможат кредибилни избори. Тие сметаат дека постојните законски решенија тоа не го овозможуваат. За таа цел бараат надлежните да ги разгледаат предлозите, кои како што посочија веќе се доставени и до четирите политички партии. Доколку не се донесат вакви измени четирите најголеми политички партии ќе треба консензуално да решат како ќе се третираат оние граѓани за кои ќе започнат постапки за поништување на личната карта и живеалиштето, а кои нема да може навремено да се завршат, рече претседателот на МОСТ Дарко Алексов.

XS
SM
MD
LG