Достапни линкови

Јанева бара измени на законот за заштитени сведоци


Специјалното јавно обвинителство до Собранието доставило Иницијатива за измени и дополнување на Законот за заштита на сведоци. Во соопштението од обвинителството се наведува дека иницијативата произлегува од потребата за уредување на нивната надлежност во постапката за заштита на сведоци „и е во насока на елиминирање на можноста за поставување на бројни пречки во работата на ова Јавно обвинителство“. Сметаат дека ваков закон ќе обезбеди целосна имплементација на начелото на автономност на ова Јавно обвинителство.

Тие исто така информираат дека повеле предистражна постапка за приватни разговори кои беа објавени на социјалните мрежи.

СЈО го осудува објавувањето на материјали од приватни разговори со кои се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на определени лица и повторно апелира до сите засегнати од објавувањето на овие разговори да пријават кај нив за да поведат истрага. Обвинителството повторно го повикува Собранието да го дополни Законот за заштита на приватноста согласно препораките на Венецијанската комисија.

XS
SM
MD
LG