Достапни линкови

logo-print

Ердоган - Не сме во војна со медиумите


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во интервју за Би-Би-Си, изјави дека властите во Турција не се во војна со медиумите. Неговите коментари уследија непосредно откако телохранителите на Ердоган се судрија со новинарите и група демонстранти во Вашингтон, откако од Институтот „Брукингс“, каде турскиот претседател требало да одржи говор, се обиделе да избркаат еден новинар. Инцидентот предизвикаа остри критики од страна на Белата куќа и медиумите. Ердоган вели дека „сè треба да има граници“.

Во меѓувреме, во суд во Истанбул, зад затворени врати, се разгледува случајот против двајца новинари од опозицискиот турски весник „Џумхуриет“, кои се обвинети за шпионажа и обид за соборување на Владата, за што може да бидат осудени на доживотен затвор.

Во Турција во моментов водат 1.845 судски процеси поради навреда на претседателот.

XS
SM
MD
LG