Достапни линкови

logo-print

Лавров - Нема договор со САД за иднината на Асад


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги негира информациите за наводен договор меѓу Русија и САД за иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Само сиријскиот народ одлучува за сите прашања околу иднината на Сирија“, изјави Лавров на денешната прес-конференција во Москва.

Арапскиот весник ал-Хајат вчера објави дека американскиот државен секретар Џон Кери им кажал на неколку арапски држави дека Русија и САД се согласиле за иднината на сирискиот мировен процес, вклучувајќи го и заминувањето на Асад во некоја друга земја во неодредена фаза од тој процес.

XS
SM
MD
LG