Достапни линкови

Повеќе грчки полицајци во камповите поради тепачките меѓу мигрантите


Грчките власти одлучија да го зголемат полициското присуство на островите во Егејското Mоре и во Идомени на северната граница, по судирите кои сè почесто се случуваат меѓу бегалците и мигрантите, а постојат и стравувања дека тензиите ќе се зголемат откако од следната недела ќе почнат да се враќаат луѓе во Турција. Од вчера, на островите во североисточниот дел на Егејското Море, пристигнале вкупно 401 мигранти. Во Грција има над 52 илјади мигранти.

XS
SM
MD
LG