Достапни линкови

АИ: Турција принудно враќа бегалци во Сирија


Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернејшенал“ соопшти дека Турција од средината на јануари во Сирија принудно вратила многу сириски бегалци, пренесуваат американските медиуми. Организацијата посочи дека оваа пракса на виделина исфрли „фатални пропусти“ во спогодбата меѓу Турција и ЕУ. Според АИ, околу 100 Сиријци, кои во повеќето случаи не се регистрирани во Турција, секој ден се протеруваат назад во нивната земја.

Организациите за првата на човекот стравуваат дека спогодбата за намалување на бегалскиот прилив од Турција за ЕУ во опасност ги доведе правата на луѓето кои бараат азил.

XS
SM
MD
LG