Достапни линкови

Мигранти ја напуштаат Пиреја, судири на Хиос


Пристаништето Пиреја вчера го напуштиле вкупно 630 мигранти и бегалци во рамките на акцијата на грчките власти за премесување на мигрантите и расчистување на пристаништето кое е преполно. Бегалците, кои биле транспортирани со автобуси, се сместени во привремени центри во Килини, Јанина и Пиерија. Во Пиреја во моментов има над 5.300 бегалци.

Во меѓувреме, на островот Хиос синоќа дошло до судири меѓу мигрантите во кои се повредени три лица кои се хоспитализирани. Судирите меѓу мигрантите биле толку жестоки што полицијата морала да употреби звучни и димни гранати.

Жителите на островот денеска одржуваат протест против ситуацијата која владее меѓу мигрантите.

XS
SM
MD
LG