Достапни линкови

Македонија стрмоглаво се задолжува


Владата е во ситуацијата во која нема од каде да ги враќа парите, оти долговите се користат за намени кои не создаваат општествен бруто продукт за да може да се врати зајменото.

Буџетот е во финансиски колапс и тоа најдобро го знае министерот за финансии Зоран Ставрески и тој тоа го потврди со изјавата дека „Немаме леб да јадеме, а купуваме чоколади“, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во интервју за Радио Слободна Европа, кое ќе биде емитувано в недела. Едно е според него да должи богат човек, а се задолжува за создавање на добивка, а друго е кога некој кој нема леб да јаде има огромни долгови, кои не може да ги врати.

Ова е драматично, независно што процентот и стапката на задолженост не ни била на 60 или 70 проценти, туку околу 50 или уште помалку какао што тврди Владата, но ситуацијата е дека нема од каде да се враќаат парите оти долговите се користат за намени кои не создаваат општествен бруто продукт за да може да се вратат одземените пари.

„Тоа не е исто, ниту слично. Ова е драматично, независно што процентот и стапката на задолженост не ни била на 60 или 70 проценти, туку околу 50 или уште помалку како што тврди Владата, но ситуацијата е дека нема од каде да се враќаат парите, оти долговите се користат за намени кои не создаваат општествен бруто продукт за да може да се вратат одземените пари“, вели Хајредини.

Владата пред некој ден се задолжи околу 25 милиони евра, при што до крајот на неделата доспеваат за враќање 5 милиони.

„Не може да ги измири обврските што буџетот ги има спрема другите доверители, компаниите и редовите буџетски расходи, како плати и пензии“, смета Хајредини и додава оти не може да се споредуваме со Германија и Италија кои имаат сила да ги вратат долговите.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека повеќе ни Владата, а ни Ставрески не тврдат дека буџетот е во добра кондиција и се знае оти Македонија стрмоглаво оди во задолжувања и во неликвидност. Според него, мора да се бараат системски решенија, да се постави една црвена линија и да се постигне економски консензус во државата.

„Доколку не се постигне економски консензус мислам дека веќе нашите внуци ги задолжуваме. Ако постигнеме консензус внуците ќе ги спасиме, а жртва ќе одиме само ние и нашите деца. Тоа го знае и ВМРО ДПМНЕ. Единствено не го знае ДУИ. Тоа тие не го знаат, ни разбираат. Во овие десет години сите ние го полниме буџетот на ВМРО ДПМНЕ и не постои буџет на Република Македонија и на ДУИ, особено на нив. Буџетот на ДУИ го полниме од 2000 до денес, а на ВМРО од 2006 до денес“.

Опозицијата, пак, предупреди ако се продолжи со оваа динамика, дефицитот до крајот на годината ќе изнесува повеќе од 420 милиони евра, со што јавниот долг ќе се приближи до 5 милијарди евра.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG