Достапни линкови

Канада ќе прифати уште 10 илјади сириски бегалци


Канадскиот министер за имиграција Џон Меккалум изјави дека неговата земја ќе прифати дополнителни 10 илјади бегалци од Сирија. Тој ова го рече во Германија каде што бранот бегалци предизвика реакции против мигрантите. Канада веќе има прифатено над 26 илјади сириски бегалци. Власти соопштија дека во моментов се разгледуваат уште 16 илјади барања за азил. Најновите анкети покажуваат дека Канаѓаните се поделени околу тоа дали да прифатат дополнителен број бегалци од Сирија.

XS
SM
MD
LG