Достапни линкови

Белгија ќе го екстрадира осомничениот за нападите во Париз


Белгиските власти решија да и го предадат на Франција, Салах Абдеслам, прво осомничениот за терористичките напади во Париз што се случија во ноември минатата година во Париз. 26 годишниот Абдеслам беше уапсен во Брисел на 18 март по четиримесечна потрага. Тој е обвинет за помагање и изведување на нападите во Париз во кои загинаа 130 луѓе. Одговорноста за нападите ја презеде екстремистичката група Исламска држава. Адвокатот на Абдеслам изјави дека тој сакал да соработува со француските власти. Белгиските власти сметаат дека Абдеслам имал врски со најмалку двајца од тројцата осомничени за самоубиствените бомбашки напади на 22 март во Брисел кога загинаа над 30 луѓе.

XS
SM
MD
LG