Достапни линкови

Шверцот со нуклеарен материјал, топ тема на самитот во Вашингтон


Десетици светски лидери учествуваат на состанокот во Вашингтон со цел како да се спречи нуклеарниот материјал да не дојде до рацете на терористите. Дводневниот самит за нуклеарна безбедност доаѓа во атмосфера на растечко страхување дека екстремистичките групи како Исламската држава ги зголемуваат напорите да дојдат до радиоактивни материјали што би можело да бидат искористени за таканаречена „валкана бомба“. На самитот се разговара и за нуклеарната програма на Северна Кореа. На овој собир, четврти откако претседателот Барак Обама неширењето на нуклеарното оружје го постави како клучна точка на неговата надворешна политика, не учествува Русија чии односи со Западот се замрзнати по анексијата на Крим.

XS
SM
MD
LG