Достапни линкови

logo-print

Аеродромот во Брисел подготвен за повторно отворање


Belgium -- People leave the scene of explosions at Zaventem airport near Brussels, March 22, 2016.

Belgium -- People leave the scene of explosions at Zaventem airport near Brussels, March 22, 2016.

Аеродромот во Брисел соопшти дека е „технички подготвен“ повторно да почне да работи по минатонеделните самоубиствени бомбашки напади, но оти нема да почне со патнички летови до утре вечер. Белгиската агенција за цивилна воздушна пловидба и противпожарната служба дале дозвола за повторно отворање на аеродромот.

Аеродромот Завентем е „технички спремен за повторно воведување на патничките летови преку привремената инфраструктура за пријавување“, се вели во соопштението објавено на интернет страницата на аеродромот.

Властите официјално треба да донесат одлука за датумот на отворање.

На 22 март двајца бомбаши се разнесоа во терминалот на аеродромот, додека трет се разнесе во метрото во Брисел. Во нападите, за кои Исламската држава ја презеде одговорноста, загинаа повеќе од 30 луѓе.

XS
SM
MD
LG