Достапни линкови

Ушковски - Континуирано се подобрува состојбата во судството


Со реформските активности, кои се имплементираат, континуирано се подобрува состојбата во судството и создадени се услови за уште поголема независност и ефикасност на судскиот систем во Македонија. Ова го изјави претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Бранко Ушковски на приемот што во оваа институција се одржа денеска по повод 31 март, Денот на правосудството. Тој вели дека континуирано се јакнат капацитетите на правосудство, се забрзаа судските постапки, се зголеми квалитетот на судските одлуки, а со воведувањето на современата технологија се зголемува транспарентноста на работата на судовите. Ушковски вели дека некои еминентни експерти неоправдано го критикуваат судството - дел од нив добронамерно, но не сакајќи или поради лоша информираност, додека други тоа го прават намерно, „постапувајќи под менторство на некои центри на моќ“.

XS
SM
MD
LG