Достапни линкови

Чешка донација за набавка на 25 возила за МВР


Договор за донација од 740 илјади евра за набавка на 25 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи денеска потпишаа Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешка во Македонија Мирослав Рамеш. Донација е договорена на работна средба со чешкиот министер за внатрешни работи Михаил Хованец остварена во февруари годинава во Македонија.

Ова е трета чешка донација директно наменета за полициските службеници. Претходно, Чешка донираше шатори, греалки, кревети, вреќи за спиење, мантили за дожд, изотермални фолии и генератори за струја во вредност од 125 илјади евра.

XS
SM
MD
LG