Достапни линкови

Во транзитниот центар Гевгелија сместени 134 бегалци


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Бројот на бегалците стационирани во Прифатниот транзитен центар Гевгелија, веќе неколку дена изнесува 134, вклучително со стотината кои заради подобри услови за сместување деновиве беа вратени од Табановце, информираат денеска од регионалниот ЦУК во Гевгелија.

Од епидемиолошката служба на гевгелискиот подрачен центар за јавно здравје, информираа дека во транзитниот центар било пријавено сомнение за појава на шуга кај неколку мигранти кои биле вратени од Табановце. Во конкретниот случај се работи за петчлено семејство од Ирак. Заболените се веднаш ставени во посебен објект и тие се наоѓаат под постојан епидемиолошки надзор кој ќе трае до потполно исчезнување на симптомите на болеста.

Во центарот Гевгелија беше извршена дезинфекција и дезинсекција на објектот во кој се сместени заболените, а истовремено беше извршен преглед и на сите мигранти заради преземање неопходни превентивни и евентуално терапевтски мерки во случај на постоење шуга и вошливост.

XS
SM
MD
LG