Достапни линкови

Бејли бара Закон за приватност во согласност со Венецијанската комисија


Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска повика на дополнување на Законот за заштита на приватноста во согласност со препораките на Венецијанската комисија. Тој на твитер напиша дека тоа е најдобриот начин да се спречи понатамошно објавување на неовластено снимени материјали. Бејли пишува дека таквите материјали треба да ѝ бидат предадени на Специјалната обвинителка Катица Јанева и оти „загрозувањето на приватноста треба да биде истражено“.

На социјалните мрежи во последниве неколку недели, од непознат сторител, беа објавени приватни разговори меѓу политичари, новинари и сопственици на медиуми, кои се однесуваат на лични работи.

XS
SM
MD
LG